Руската убавица зрачи со сексапил во обично црно одело

Точка

11/02/2019

21:14

4.477

Големина на фонт

а а а

На синоќешните британски филмски награди BAFTA во Лондон, глумецот Бредли Купер се појави во друштво на својата партнерка, манекенката Ирина Шајк.

Додека за овие настани познатите дами обично се одлучуваат за балски фустани, Ирина одлучи да биде поразлична, па својот стајлинг го прилагодила со оној на Бредли па двајцата дошле во црни елегантни одела. 


За време на преземањето на наградата Бредли ѝ се заблагодари на колешката Лејди Гага, но и својата поубава половина.

"Сакам да ѝ се заблагодарам на Ирина што "ме трпеше" додека една година во нашиот подрум се обидував да направам музика за филмот".


Бредли и Ирина се заедно веќе четири години, а пред две години станаа родители на ќерката Леа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг