Јанг обелодени што прво почувствувал кога Солскјер го преземал тимот од Мурињо

Дерби

11/02/2019

21:03

1.609

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед во последно време се предореди да ги продолжи договорите со играчите кои смета дека и натаму заслужуваат место во поширокиот ростер, а од денеска истото важи и за искусниот Ешли Јанг кој доби награда од клубот за максималното залагање на теренот, но и професионалноста надвор од него.

Јанг е еден од играчите со најголем стаж во Јунајтед бидејќи е член на првиот тим од 2011 година, а со оглед на тоа што актуелниот догорор му истекуваше ова лето, клубот сега му продолжи нова едногодишна соработка која 33-годишниот играч веднаш ја прифати.

Ешли е еден од најценетите меѓу соиграчите поради тоа што секогаш се жртвува за тимот и игра на позиции кои не се природни за него, а по продолжувањето на верноста со Јунајтед, Јанг проговори за феноменалното влијание кое го имаше Солскјер врз тимот.

– Кога Оле Гунар пристигна кај нас, одненадеш почувствував како да се врати Сер Алекс во клубот. Тоа беше така поради тоа што се врати со Мајк Филан, легендарниот асистент на Ферги, а тука е и Мајкл Карик. Оле точно знае како да игра овој клуб, тој е опседнат со победите и ги тера играчите да уживаат на теренот како што тоа го правеше Сер Алекс, – објаснува Јанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг