Пристигнува новиот Moto G7, еве што може да очекуваме

Точка

11/02/2019

18:30

2.649

Големина на фонт

а а а

Новата генерација на паметниот телефон на Motorola пристигнува наскоро и според првичните информации, ќе се продава по пристапна цена.

Moto G7 пристигнува со подобрени компоненти и дизајн, како и некои детали кои стануваат се поретки, посебно во таа ценовна категорија.

Новиот Moto G7 ќе пристигне со екран со дијагонала од 6,2 инчи и најмал раб кога станува збор за “G” серијата. Покрај тоа, на предниот дел од екранот ќе има и мал “Notch” каде што ќе биде сместена камерата, која што освен за селфи фотографии, ќе служи и за отклучување со помош на технологијата за препознавање на лице.


На задниот дел ќе биде сместен сензорот за отпечатоци на прсти и двојна камера од 12 и 5 мегапиксели.

Најверојатно новиот Moto G7 ќе биде отпорен на вода, а ќе има и 3,5 мм аудио влез, како и можност за надградба на меморијата од 64 GB со мемориска MicroSD картичка.


Moto G7 ќе биде опремен со Snapdragon 632 процесор кој би требало да биде за 50% побрз во однос на Snapdragon 450 кој што го користеше Moto G6, а ќе има и 4 GB RAM меморија, односно 1 GB повеќе во однос на претходникот. Според досегашните информации, батеријата ќе биде со капацитет од 3,000 mAh.

Од Motorola најавуваат и нов софтвер за камерата кој што треба да се погрижи за подобра острина на фотографиите и „чистење“ на фотографиите направени со дигитално зумирање. Новиот Moto G7 ќе пристигне со оперативниот систем Android 9 Pie и според “Business Insider”, ќе се продава по цена од околу 300 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг