Ауди се подготвува за „силен настап“ во Женева

Точка

11/02/2019

18:03

2.754

Големина на фонт

а а а

Иако веќе пет големи производители најавија дека нема да претставуваат свои нови модели во Женева, очигледно е дека на најголемата автомобилска манифестација на светот, нема да недостасуваат атрактивни премиери.

Од Ауди веќе најавија дека во швајцарскиот град ќе дебитираат пет модели, а се верува дека ова не е конечната бројка, туку дека Германците имаат сокриено уште некој адут.

За почеток, компанијата од Инглоштад ќе прикаже електричен SUV кој ќе биде помал од “E-Tron” и ќе биде значително поевтин од почетната цена од 80 илјади евра за „постариот брат“. Новиот, мал електричен кросовер ќе биде прикажан во концептно издание, но според зборовите на првите луѓе на Ауди, таа верзија нема да биде значително поинаква од сериското издание кое што ќе пристигне на пазарот идната година.


Се очекува дека овој, се уште неименуван електричен SUV ќе располага со сила од 300 коњски сили, ќе има автономија од 320 до 400 километри и секако, ќе биде „изграден“ на “MEB” платформата.

Ауди потврди дека покрај наведениот електричен модел, ќе има уште четири премиери на хибридни автомобили. Конкретно, во прашање се хибридни “Plug-In” варијанти на моделите Q5, A7 и A8L. Сепак, кој е четвртиот најавен хибриден модел, засега не е познато.


Компанијата од Инглоштад се уште нема откриено повеќе детали за хибридните модели, односно кој SUS агрегат ќе се користи. Се верува дека A7 и Q5 ќе користат 2,0-литарски турбо бензински мотор, додека за поголемите модели како A8L, покрај електромоторите, ќе биде користена SUS погонска единица со шест цилиндри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг