Нова екстензија за Google Chrome ќе ве предупреди доколку некој ја знае вашата лозинка...

Точка

11/02/2019

17:34

2.043

Големина на фонт

а а а

Password Checkup ќе провери база на четири милијарди лозинки со цел да утврди дали вашата лозинка е украдена и е ставена на продажба од страна на хакерите.

Новото проширување (екстензија) за веб прелистувачот на Google, наречена Password Checkup ќе се активира секогаш кога ќе се логирате на одредена корисничка сметка.

Откако ќе ги внесете податоците, Password Checkup ќе започне со пребарување на база на податоци од повеќе од четири милијарди лозинки за кои што се знае дека имаат протечено во јавноста.


Доколку биде откриено дека и лозинката од вашата корисничка сметка е во базата, ќе добиете предупредување и ќе биде побарано од вас веднаш да ја промените вашата лозинка и другите податоци.

Од Google тврдат дека оваа екстензија е смислена така што на хакерите никогаш не би им биле откриени вашите податоци.

Покрај тоа, како што пренесува Next Web, можно е во иднина оваа екстензија да стане стандарден дел од Google Chrome.



Спонзорирани линкови

Маркетинг