Магично одморалиште во заледениот дел од светот

Точка

11/02/2019

16:31

2.164

Големина на фонт

а а а

Лапонија лесно може да се нарече едно од најомилените делови на светот... Сепак од таму доаѓа Дедо Мраз со неговите ирваси, зарем не?

Но, во овој оддалечен ладен дел од светот, постои едно мало магично место, кое со задоволство би го нарекле свој дом, барем на некое време.

„Snowman World Glass Resort“ претставува луксузно одморалиште во форми на игло, кои се инспирирани од популацијата на Сами домородците, кои живеат во близина на селото на Дедо Мраз.


Прекрасните форми од стакла имаат вистински скандинавски стил, како во ентериерот така и во екстериерот, а опкружени се со прекрасни зимски пејзажи. Стаклениот покрив и огромните прозори го доловуваат прекрасниот изглед на Аурора Бореалис во ентериерот, создавајќи неверојатно искуство.

Секоја од овие „куќички“ има мини кујна, дневна соба, приватен спа центар и сауна на отворено, додека горниот дел има прекрасен плафонски прозор, кој ќе ви даде прилика да заборавите на времето, набљудувајќи ги ѕвездите.

Ова уникатно одморалиште исто така ќе ве имрпесионира и со својот Ice ресторан, кој ќе ве воодушеви со неверојатната понуда. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг