Јасмина Степаноска: Анксиозноста зема замав особено кај младите

Точка

11/02/2019

15:53

12.565

Големина на фонт

а а а

Разни стресни и трауматски моменти акутни или хронични во текот на животот (смрт на блиска личност, развод, промена на работно место, предолго работно време, безработица, место на живеење, начин на живот, се само едни од причините за сè почестата појава на анксиозност особено кај младата популација, како во светот така и во нашата земја вели Јасмина Степаноска, психијатар во Општата градска болница 8-ми септември.

Што ја предизвикува анксиозноста?

- Анксиозноста претставува патолошка состојба која се карактеризира со чувство на страшливо исчекување кое е придружено со соматски знаци најчесто од хиперактивност на вегетативнот систем, појава на психолошки и бихејвиорални симтоми. Тоа е чувство на возбуденост, нејасен страв без очигледен надворешен стимулис, стрес и претерана загриженост.

Сè уште нема докажанa точна причина за појавата на анкиозноста, но постојат повеќе теории за појава на анксиозноста, а тоа се генетските хипотези, биолошки процеси во нашиот мозок (кетехоламиска теорија-стимулација бета адренергичен систем, локус церулеус јадрото во поност кое може да е генератор на анксиозноста, лактета метаболна теорија), психолошки теории (психодинамска , когнитивна теорија и терории на учење) социјални фактори разни стресни и трауматски моменти акутни или хронични во текот на животот (смрт на блиска личност, развод, промена на работно место, предолго работно време, безработица, место на живеење, начин на живот. 


Кои се симптомите?

- Симптомите кои се јавуваат кај анксиозноста може да ги поделиме во три групи:

1. Хиперактивност на вегетативен нервен систем: (срцебиење, препотување , тешко дишење, чувство за недостаток на воздух, стегање на гради, сува уста, потешкотии во голтањето, вртоглавица, често мокрење, „пеперутки во стомакот“, болки во мускулите, трнење на раце и нозе).

2. Психолошки симтоми (напнатост, немир, радразливост, замор, намалена концетрација, плашливост).

3. Бихејвиорални симтоми (несоница, ноќни кошмари, блокираност).

Овие психолошки, вегетативни и бихејвиорални симптоми предизвикуваат значително нарушување на психосоцијалниот живот кај единката, бидејќи анксиозната личност е облеана со неодреден, ирационален страв кои ја парализираат во секојдневните животни активности при што им се јавува чувство на немоќ. Ако овие симтоми се присутни повеќе од шест месеци кај таа личност има некое анксиозно растројство и веднаш мора да се јави кај стручно лице.

Кои луѓе најчесто имаат анксиозност?

- Анксиозноста најчесто се јавува кај оние личности кои се изложени на стресни состојби, било на акутни стресни состојби или хроничен стрес кој начесто не се перципира и се мисли дека е дел од нашето секојдневие. Стресот може да биде предизвикан дома, на работно место и во средината во која живее. Анксиозноста почесто се јавува кај младата до средовечна популација.

Но, исто така анксиозноста може да биде и само симптом, односно во склоп на некое друго растројтво (депресија, биполарно и психотично растројство).

Како да се надмине?

- Прво мора да напоменеме дека многу малку луѓе ја препознаваат анксиозноста, првично мислат дека имаат некое сериозно заболување, поради појавата вегетативните симптоми, па поради тоа се јавуваат на кардиолошки, пулмолошки, гастроехтерохетолошки и Орл прегледи. Исто така многу малку го прифаќаат фактот дека се работи за анксиозност, а не за некое соматско заболување. А, потоа ако го прифатат фактот, кај нас сè уште постои стигма за посета на стручно лице-психијатар, психолог, психотерапевт. Анксиозноста може да се манифестира како: панично растројство, генерализирано анксиозно растројство, анксиозно-депресивно растројство. Сите овие состојби може да се надминат со психотерапевски и фармаколошки третман.


Потребно ли е да се земаат лекови?

- Анксиозноста како растројство која што за жал е сè почеста во секојдневието мора да се лекува исто како другите болести и растројства во медицината и тука и невротрансимтерски дисбаланс кој што може да се корегира со лекови. Најдобар одговор, односно најбрзо анксиозноста може да се лекува со комбиниран фармаколошки третман (антидепресивни медикаменти-SSRI, SNRI кои што треба да се примаат најмалку 15-18 месеци и анксиолитици-седативи кои треба да се примаат максимум 3 месеци) и психотерапевски третман (поединечни и групни психотерапевски седници). Од психотерапијата најчесто се користи когнитив бихејвио и супуративна психотерапија, автоген треник и физичка активност.

Доколу не се земаат лекови или се земаат пократко од препорачаното, анксиозноста често се повторува.

Колку е честа анксиозноста?

- Анксиозноста е една од најчестите растројства во психијатријата и по новите истражување се смета дека 10% од вкупното население во светот има некое од анксиозните растројства.

Автор: А.В.



Спонзорирани линкови

Маркетинг