На секси политичарката ѝ се закануваат со силување: Со длабокото деколте го полуде светот, па се најде на жесток удар

Точка

12/02/2019

20:53

11.784

Големина на фонт

а а а

Ана Паула Да Силва, бразилска пратеничка добила на социјалните мрежи смртни закани и закани за силување откако со своето длабоко деколте го привлече вниманието на целиот свет за време на инаугурацијата.

Додека најмногу доминираа коментарите кои што ја фалат, голем број на Бразилци ѝ упатиле страшни закани дека ќе биде убиена или силувана.

43-годишната атрактивна бразилска политичарка Да Силва е избрана во јануари до повеќе од 50 илјади гласови за член на собранието на Санта Катарина. Претходно таа била и градоначалничка на градот Бобинхас.


Паулина, како што е позната во својата земја, истакна дека не ѝ било лесно откако ги добила заканите за силување и убиство, но додаде:

„Нема да се откажам од тоа што сум. Сакам да бидам среќна повеќе од се, а тоа значи да им се претставам на луѓето таква каква што сум“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг