Ариана Гранде објасни зошто напиша „ѓубре“ кога Карди Би земаше Греми

Точка

11/02/2019

15:05

4.753

Големина на фонт

а а а

Откако Карди Би освои Греми за албумот „Invasion of Privacy“, како најдобар рап албум, Ариана Гранде на Твитер објави три не толку одбрани зборови.

„Trash. Fuc*. Bulls*it.“, ова се зборовите кои ги напиша, а потоа ги избриша.

Причината поради која изгубила нерви е нејзиното поранешно момче, денес покојниот, Мек Милер, кој бил постхумно номинирал во истата категорија, за албумот „Swimming“.


Откако фановите ја „нападнале“ поради омаловажување на успехот на Карди Би, Ариана почувствувала потреба да објасни зошто била бесна.

„Ги повикале неговите родители на доделувањето“, напишала Гранде.


„Тоа нема врска со Карди, браво за неа, се колнам. Жал ми е“, додала.

Откако некој напишал дека Карди е ѓубре, Ариана коментирала дека не е така и дека тоа не е она што го мислела.


Открила и дека мајката на Мек креирала одело за доделувањето, во зелена боја, поради тоа што оваа боја симболизира свест за менталните болести.




Спонзорирани линкови

Маркетинг