Новата револуционерна капсула е спас за милиони дијабетичари

Точка

11/02/2019

14:04

2.711

Големина на фонт

а а а

Стотици милиони луѓе ширум светот боледуваат од дијабетес. Нивниот организам не може да произведе инсулин или не го преработува како што треба, поради што редовно мора да го внесуваат по пат на инјекции.

Научниците од институтот за технологија во Масачусетс имаат решение кое би можело да помогне во иднина. Станува збор за паметна пилула со интегрирана игличка, наречена SOMA (Self-orienting millimeter-scale applicator) која периодично излачува инсулин во самиот желудник, пишува “Futurism”. 

“Се надеваме дека овој нов вид на капсула еден ден ќе им помогне на дијабетичарите, а можеби и на другите заболени лица на кои им е потребна терапија која се дава исклучиво по пат на инјекции или инфузија”, истакнува Роберт Лангер, професор на МИТ и автор на студијата.


Заобленоста на пилулата ѝ овозможува таа да стои исправено, а тоа е важно поради фактот што капсулата мора да одржува постојан контакт со слузокожата на желудникот. Како инспирација за заоблениот облик послужил оклопот на африканската желка кој му овозможува на ова животно да се исправи во првобитната положба откако ќе се преврти.

Во пилулата се наоѓа ист вид на инсулин кој им се дава на дијабетичарите по пат на инјекција, со таа разлика што овој во пилулата е компримиран. Потребен е еден час за да се излачи содржината во целост, а пилулата сама го пронаоѓа својот пат низ дигестивниот тракт.

Истражувачите од МИТ досега ја тестирале способноста на пилулата на свињи. Тие сметаат дека, кога ќе се усоврши, оваа пилула ќе оствари револуционерни резултати во лекување на дијабетесот ширум светот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг