Загрепчанец го освоил регионот: Со помош на хармоника ги имитира народите од поранешна Југославија

Точка

11/02/2019

12:49

4.063

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи неодамна се појавила снимка од Хрват кој на хармоника ги "имитира" народите од поранешна Југославија. Видеото набрзо станало хит, а за хармоникашот Самир Нуркиќ пишуваат регионалните медиуми.

Тој низ разни варијации на познатата божиќна песна "Ѕвончиња" ги опишува народите од нашиот регион. 

Почнува од Хрватите: "Кај нас во Хрватска тоа се звучи по ПС. Нема тука многу додавања. Значи, брат, немој тоа да ми го допираш. Тоа, отприлика звучи вака".

После тоа покажува како Босанец емотивно доживува песна. Потоа ги имитира Македонците.

"Србите така секогаш се фаќаат за оро, кај Македонците секогаш е забава бидејќи се многу весел народ, Црногорците се многу драматични, а Словенците се приказна за себе...Словенците сосема полудеа", рекол меѓу другото хармоникашот кој го освоил регионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг