Награда за одличната партија против „лавовите“: Маестро Дибиров е во идеалниот тим на колото во ЛШ

Дерби

11/02/2019

11:49

363

Големина на фонт

а а а

Екипата на Вардар оствари супер значајна победа на гостувањето кај Рајн-Некар Левен во Лигата на шампионите, победа во која голема улога имаше летечкото крило Тимур Дибиров кој даде седум погодоци од девет обиди.

Токму оваа партија на фантастичниот Русин не мина незабележана од ЕХФ и Тумур се најде во идеалниот тим на 11. коло во елитното натпреварување. Покрај ѕвездата на Вардар меѓу најдобрите седум се најдоа:

Голман: Венсан Жерар (Монпелје)

Лев бек: Михаил Јурецки (Кјелце)

Среден бек: Барис Пухоуски (Мотор Запорожје)

Десен бек: Иван Сршен (ППД Загреб)

Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)

Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн-Некар Левен)

ОВДЕ можете да го погледнете тимот на рундата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг