Мајсторијата во режија на Карачиќ и Криштопанс меѓу најдобрите пет во ЛШ

Дерби

11/02/2019

11:47

1.345

Големина на фонт

а а а

Македонскиот првак Вардар со доминатна игра дојде до победата на гостувањето кај Рајн Некар Левен во рамките на 11. коло во Лигата на шампионите.

Вардарци славеа со 30:27, а еден од тие погодоци се најде во Топ 5 на голото во изборот на ЕХФ. Станува збор за мајсторијата во режија на Карачиќ и Криштопанс при која летонскиот „џин“ ја сместува топката во мрежата на домаќините.

Овој потег е на четвртото место, додека број еден погодок е оној на Игор Сорока од Мотор Запорожје. ТУКА можете да ги погледнете петте најмагични голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг