Финска на мигрантите им нуди 5.000 евра за да ја напуштат земјата

Макфакс

11/02/2019

11:42

1.801

Големина на фонт

а а а

Финските власти ја зголемија финансиската помош за да поттикнат голем број мигранти да ја напуштат скандинавската земја.

Владата донесе одлука да ја зголеми двојно финансиската помош за барателите на азил кои доброволно ја напуштаат земјата. Според најновата одлука, секој мигрант кој ќе ја напушти Финска ќе добие 5.000 евра, додека претходно тој износ беше 2.500.

Финските власти се одлучиле на овој чекор, бидејќи се помалку мигранти одлучуваат да ја напуштат оваа земја.

„Сакаме да ги охрабриме да се вратат дома. Во нашата земја во моментов имаме над илјада луѓе на кои им е одбиено барањето за азил. Тие немаат дозвола за престој и поддршката што им ја пружаме станува се посјапа“, изјави Тарја Рантала од Канцеларијата за миграција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг