Уште едно бебе почина од морбили, трет случај за три дена

Макфакс

11/02/2019

11:39

2.740

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство јави за уште една жртва на мали сипаници, со што во период од неколку дена починаа три бебиња.

Синоќа починало 13-месечно бебе од тетовскиот регион, кое претходно не било вакцинирано.

Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето и упати апел до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината.

Завчера од морбили почина 13-месечно бебе од Свети Николе, а во петокот на Клиниката за инфективини болести почина шестмесечно бебе со мали сипаници кое имало компликација на белите дробови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг