Сината крв во канџи на теории на заговор: Една владарка е всушност маж, а прекрасната војвотка добила тајна задача

Точка

11/02/2019

11:48

5.152

Големина на фонт

а а а

Од убиството на Џон Ф. Кенеди од страна на американската влада, до Баз Олдрин и “лажното” слетување на Месечината, некои од највлијателните историски личности се предмет на разни теории на заговор, а не е исклучок ниту кралското семејство.

Иако теориите на заговор воглавно не пружаат докази со кои се поткрепуваат ваквите тврдења, тие се доволно уверливи за да ги опседнуваат умовите на луѓето ширум светот. 

Ова се дел од најфасцинантните теории на заговор за кралевите, кралиците и принцезите.

За смртта на принцезата Дајана е виновно кралското семејство

Можеби најраспространетата современа теорија на заговор за британското кралско семејство се однесува на смртта на принцезата Дајана во 1997 година.

Дајана и принцот Чарлс се развеле во 1996 година, а животот на Дајана трагично завршил на 31-ви август 1997 година. “AP” подоцна објавил дека низата меѓународни истраги покажала дека принцезата и нејзиното момче Доди Фајед починале од повредите по трагичната несреќа поради возење во пијана состојба.


Набрзо потоа се појавиле теории дека нејзината смрт е всушност убиство – некои дури тврдат и дека тоа е “валкан бизнис” на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора или дури и на самиот принц Чарлс. Мотив? Да ја спречи Дајана да се венча со Фајед и да роди негово дете.

Бракот на принцот Хари и Меган Маркл е завера на Британците да ја вратат контролата над Америка

Една неодамнешна теорија тврди дека бракот на принцот Хари и Меган Маркл е дел од големиот трик на Британците.

Грег Половиќ, уредник на конзервативниот сајт “Tvitchi.com” зборувал за ова минатата година, предизвикувајќи реакции на луѓето од целиот свет.


“Децата на принцот Хари ќе бидат Американци. Што ако некој прерасне во претседател и во истовреме е во редот за престолот? Паметен потег на Британија, тие ја сакаат Америка назад, а на овој начин и ќе ја добијат”, напишал тој.

Британските владари се вонземјани

Теоретичарот на заговори Дејвид Ицке стана озлогласен поради тврдењето дека светот е под контрола на лидер кој потекнува од расата на вонземски гуштери, така што не изненадува фактот што тој тврди дека британското кралско семејство, вклучувајќи ја и кралицата Елизабета, е дел од оваа завера.

Дејвид тврди дека има докази за тоа, но никој освен него и неговите следбеници не веруваат во оваа бизарна теорија.


Кралицата Елизабета Прва била маж

Според оваа теорија, кралицата Елизабета Прва се разболела и починала уште како дете. За да ја заменат, нејзините старатели пронашле локално момче кое го предале на нејзиниот татко, кралот Хенри Осми. Детето оттогаш па до крајот на својот живот бил на нејзиното место.


Џек Мевосек е внук на кралицата Викторија

По злогласните убиства на Џек Мевосек во Лондон кон крајот на 19-тиот век, се појавија теории дека ги извршил принцот Алберт Виктор (исто така познат како принцот Еди), но ништо не е докажано.

Меѓутоа, како што пренесува Њујорк Тајмс, хирургот кој признал дека го знае идентитетот на убиецот починал во 1970 година, а тој тврдел дека Џек Мевосек е “потомок на благодорното семејство”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг