Американците стравуваат дека руската армија може да пристигне во Венецуела: Тие се како ранета мечка!

Точка

11/02/2019

12:29

4.239

Големина на фонт

а а а

Адмиралот при американската воена морнарица, Крег Фолер, кој исто така е нов шеф на Јужната команда на американската армија задолжена за операции во Централна и Јужна Америка, изјави дека САД не би требало да ја исклучат можноста од руска воена интервенција во Венецуела.

Фолер во интервјуто за „Гласот на Америка“, оцени дека Русија се однесува како „ранета мечка“ која што се бори против демократските процеси во регионот.

„Мислам дека со Русија се е можно. Видовме што направија во Сирија и мислам дека мораме да бидеме подготвени за се што би можело да се случи во иднина“, изјави американскиот адмирал.


Запрашан што очекува кога е во прашање ситуацијата во Венецуела, за какви опции се подготвува Јужната команда на американската армија, Фолер одговори дека „се концентрираат на поддршката за политичко и дипломатско решение“.

„А, како што може да се очекува од воен командант, работиме на тоа да обезбедиме, американските граѓани, дипломатите и имотот, да бидат безбедни и моментално нашите напори се насочени кон тоа“, изјави американскиот адмирал.

На констатацијата на новинарката, дека државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјавил дека во Венецуела постојат активни ќелии на странски борци кои што веќе војувале во Сирија, Фолер порача дека „долгата, злосторничка рака на Иран е насекаде низ светот, а нивниот сурогат, либански Хезболах е на самиот крај од таа рака“.


На прашањето дали тоа значи дека тие се во Венецуела, американскиот адмирал изјави дека „има апсолутно почитување кон државниот секретар“.

„Тој има длабоки морални уверувања и ја говори вистината“, изјави Фолер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг