Трамп ја исмеа кандидатката за претседателка на САД: Покахонтас ќе се бори за влез во Белата куќа

Точка

11/02/2019

14:38

1.782

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи на Твитер после веста дека демократската сенаторка Елизабет Ворен ќе се кандидира за претседателка, користејќи го прекарот Покахонтас.

Елизабет Ворен во четвртокот по трет пат јавно им се извини на староседелците на САД поради тоа што во 1986-та година, при уписот во адвокатската комора на Тексас, се изјаснила како „американска Индијанка“.

Таа во октомври минатата година на интернет објави видео снимка со која ги открива резултатите од ДНК тестот наменети за потврдување на тоа дека потекнува од племето Чироки, нешто што лидерите на Чироки заедницата го оценија како многу потрешен потег.


„Денес Елизабет Ворен, која што понекогаш ја нарекувам Покахонтас, се кандидираше за претседателка. Дали таа ќе учествува како прв претседателски кандидат на американските староседелци, или пак, после 32 години одлучи дека тоа сепак не проаѓа? Се гледаме на кампањата“, напиша Трамп.

Елизабет Ворен својата кампања за 2020-та година ја започнува со повик за борба против економската нееднаквост во Соединетите Американски Држави и изградба на една држава „која ќе биде добра за сите“.


Најавувајќи ја својата кампања, Ворен одлучно повика на промени, го осуди „теснецот“ во кој се наоѓала средната класа, во ситуација во која, според нејзините зборови „богатите не мораа да полагаат одговорност, а сите останати добиваат премалку шанси за успех“.

Таа и нејзините поддржувачи веруваат дека таа порака ќе се одвои од останатите, бројни кандидати за претседателската номинација во Демократската партија и дека ќе ѝ помогне да ги надмине контроверзиите кои што ја следеа поради тврдењата дека потекнува од заедницата на американските Индијанци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг