Американскиот режисер ги бојкотира модните брендови Прада и Гучи поради расизам

Точка

09/02/2019

18:45

3.308

Големина на фонт

а а а

Американскиот режисер Спајк Ли рекол дека повеќе нема да носи облека од модните куќи Гучи и Прада сè додека овие брендови не вработат модни дизајнери-црнци.

"Очигледно е дека тие луѓе немаат поим дека станува збор за расизам. Разбудете сè", напишал Ли на својот Инстаграм профил. 

Неговиот бојкот пред сезоната на доделување на разни филмски награди на кои Ли за улогата во филмот "BlacKkKlansman" е номиниран во различни категории е силна порака за луксузните модни брендови кои поради расизам неколку пати се нашле на удар на критики.

Претходно оваа седмица, модната куќа Гучи упати извинение поради црната волнена ролка која се носи до половина од лицето, а која има исечок на усните околу кој се наоѓа црвена линија која потсетува на усни. Многумина сметале дека новиот џемпер на Гучи има расистичка конотација и дека ги омаловажува црнците.


Прада исто така морала да упати извинение поради фигурата на мајмунот за која многумина рекла дека претставува расистичка карикатура на црнците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг