Ме натеравте да се срамам од вас: Филиповски по скандалозната распределба со порака до Алаѓозоски, Бошњаковски, Каров

Нетпрес

09/02/2019

13:02

3.130

Големина на фонт

а а а

Авторот на првата македонска рок енциклопедија, музичар и вљубеник во оваа уметност, Тошо Филиповски се обрати до советниците и заменик министерот во Министерството за култура.

Музичарот ги прозва сите кои не реагираа на скандалозната распределба на финансиите од Министерството за култура.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Г-дине Роберт Алаѓозовски, ова се вистинските резултати кои трeбa да произлегуваат од Националната стратегија за култура? Како советник на премиерот, верувам имате свој став/мислење?

Г-дине портпарол Миле Бошњаковски, за ваква култура се залагате? Ваквата поддршка ќе ја подигне културата или подиректно, како некогашен музичар, ваква поддршка на рокенролот Ве задоволува? Нема да реагирате?

Г-дине Бубо Каров, ваква култура баравте во 1985 година? Култура е…она што нам ни треба…

Г-дине заменик министре Владимир Лазовски, со вакви резултати ќе создаваме Европаски културни вредности? Зборувавме за проекти и проекти, како да се едуцираат младите кои се иселени, и овие овде, создавање на нова публика…ништо од тоа.

Г-да советници или што и да сте, а иницијатори/поддржувачи за.на ВИСТИНСКИ културни вредности. Петрит Сарачини и Висар Вишка, ги поддржувате вие овие резултати од конкурсот?

Г-дине Јошко Бошковски и Г-ѓо Гиновска, ова е вашиот избор или некој таму додавал-бришел…кажете јавно!!!

Г-да и Г-ѓи….пријатели и познаници…кои седите во оваа Влада и особено во Министерството за Култура – не ви е срам од овие резултати?

Сите споменати ВЕ ИМАВ за пријатели…..ме натеравте да се срамам од ВАС….и да си ги пакувам куферите…..на стари години да размислувам како да си ја напуштам државата….дека таа НЕ МЕ САКА, напиша тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг