Интернет корисниците во новото емоуџи со штипкање воочиле нешто непристојно: Го гледате ли и вие истото?

Точка

09/02/2019

12:00

5.201

Големина на фонт

а а а

Денешната комуникација е незамислива без емоуџија, и за многу кратко време се појавуваат некои нови кои ни го олеснуваат секојдневното допишување со блиските, но го прави и позабавно.

Сега се појави нова „листа“ со емоџија, меѓу кои најголемо внимание привлекла раката која штипка, во која интернет корисниците забележале нешто малку „непристојно“. Имено, освен што навистина изгледа како рака која е подготвена да штипне некој, воедно изгледа и како знак кој го правиме кога сакаме да покажеме дека нешто е многу мало.

„Луѓето кои праќаат фотографии од својот пенис без некој да побара такво нешто од нив, сега се во голема паника“, „Вратете ги назад, момци, пристигна емоуџи со кое девојките ќе ве уништат“, “Ова емоуџи е баш за да го фрлиш телефонот од прозорец“, биле само дел од коментарите.

Инаку, Емоуџипедија најавила вкупно 230 нови емотикони кои на мобилните телефони би требало да се појават оваа година. Ќе има такви што зеваат, емоџија кои ќе претставуваат хендикепи, водичи за кучиња, потоа кафено срце, лук, вафла...




Спонзорирани линкови

Маркетинг