Специјално издание на Алфа Ромео: 4C Spider Italia

Точка

08/02/2019

12:31

2.392

Големина на фонт

а а а

Алфа Ромео на Саемот за автомобили во Чикаго ја претстави специјалната верзија на моделот 4C.

4C Spider Italia доби интересни промени од кои најмногу се истакнува новата специјална боја. Станува збор за посебен „колорит“ кој што Алфа го нарекува “Misano Blue Metallic”. Кога станува збор за ентериерот, нема да има премногу промени, освен алуминиумските плочки со назив 4C Spider Italia, а на централната конзола ќе биде поставена плочка на која ќе биде испишан серискиот број на производство.


Од Алфа Ромео најавија дека веќе станува збор за ограничена серија од само 108 примероци, од кои 15 ќе бидат наменети за пазарот во Северна Америка.

Агрегатот е ист како и кај стандардниот 4C. Станува збор за 1,75 литарски турбо бензинец со четири цилиндри. Моторот развива 240 коњски сили и 350 Nm максимален обртен момент.


На хартија овие бројки можеби и не изгледаат импресивно, но ако се земе во предвид дека 4C има маса нешто поголема од 1,100 килограми, јасно е дека овој автомобил ќе пружи одлични перформанси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг