"Ова никогаш не сме го направиле": Славната комичарка му подари 1 милион долари на американско семејство, погледнете ја нивната реакција

Кармин

08/02/2019

11:31

2.771

Големина на фонт

а а а

Елен Диџенерис во нејзината емисија најави дека има големо изненадување за едно шест члено семејство кое јавноста имаше можност да го запознае во ноември минатата година.

Тогаш нејзините фанови Кристи Даниелс и Роберт Даниелс освоиле неколку илјади долари во подароците. 

Семејството Даниелс живее во мала куќа која има две соби и нивните четири деца делат една соба. Иако на семејството му е тешко да живее во толку мал простор, сепак се среќни.


Иако живеат од плата до плата, ова скромно семејство секогаш е подготвено да им помогне на другите. Поради тоа Елен одлучи да направи нешто големо за нив.

"Овде сме да направиме нешто големо, нешто што никогаш претходно не сме го направиле за ниту едно семејство. Длабоко вдишете. Пред сè сакам да ви подарам 500.000 долари, тоа е првата работа. Втората работа е дека компанијата Cheerios Ви подарува уште 500.000 долари за да ги споделите со луѓето на кои им се потребни", рекла Елен и ги воодушевила сите во студиото.

Со овие пари семејството може да купи поголема куќа и да им плати за факултет на нивните синови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk