Астон Мартин преку концептот “Lagonda” го најавува првиот џип

Точка

07/02/2019

17:59

1.452

Големина на фонт

а а а

Комбинацијата на агресивните линии и еколошкиот мотор звучи навистина чудно, посебно кога станува збор за моќните автомобили на британскиот производител.

Астон Мартин сигурно ќе привлече огромно внимание на 89-тиот меѓународен Саем на автомобили во Женева, Швајцарија.

Британската компанија одлучи на саемот во Женева да биде глобалната премиера на нивниот амбициозен концепт “Lagonda All-Terrain” кој што практично е најава на првиот џип во историјата на Астон Мартин.


Овој концепт со теренски амбиции, според Астон Мартин ќе биде целосно „зелен“. Тоа значи дека точно 0 емисии на штетни гасови ќе го красат овој „опасен“ џип кога ќе биде и официјално претставен како сериски модел.

Сепак, треба да се истакне дека станува збор за еден вид на „продолжување на приказната“, со оглед на тоа што минатата година токму на саемот на автомобили во Женева беше претставен концептот “Lagonda Vision”, па сега пристигнува и “All-Terrain”.


Како и да е, иако љубителите ќе очекуваат “Lagonda All-Terrain” да добие под хаубата некаков V12 ѕвер, сепак ќе треба да почекаме и да видиме за какво погонско решение ќе се одлучат Британците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг