Кој модел ќе биде Светски автомобил на годината?

Точка

06/02/2019

21:06

1.791

Големина на фонт

а а а

Листата на кандидати за "Светски автомобил 2019" или "World Car of the Year" е скратена од 40 имиња на 10 финалисти, а победникот ќе биде познат на 17-ти април.

Во најтесен избор за оваа престижна награда влегле следните модели на автомобили: електричниот "Audi e-tron", "BMW Series 3", "Ford Focus", "Genesis G70", "Hyundai Nexo" со водородни горивни ќелии, електричниот "Jaguar I-Pace", "Mercedes A Klase", "Suzuki Jimny", "Volvo S60/V60" и "Volvo XC40". 

За победникот ќе одлучува жири кое се состои од 8 меѓународни автомобилски новинари, а листата во меѓувреме уште еднаш ќе биде скратена.

Најпрво на 5-ти март, на саемот во Женева ќе биде обелоденет најтесниот круг на кандидати за титулата "Светски автомобил 2019", за името на победникот да биде соопштено на саемот за автомобили во Њујорк на 17-ти април.

Освен во главната категорија, ќе се одржат и избори во други класи. Така за титулата "Светски урбан автомобил 2019" ќе се натпреваруваат: "Audi A1", "Hyundai AH2/Santro", "KIA Soul", "Seat Arona" и "Suzuki Jimny".

За титулата "Светски луксузен автомобил 2019" ќе се борат: "Audi A7", "Audi Q8", "BMW Series 8", "Mercedes CLS" и "Volkswagen Touareg".

Кандидати за признанието Светски спортски автомобил на годината се: "Aston Martin Vantage", "BMW M2 Competition", "Hyundai Veloster N", "McLaren 7206" и "Mercedes-AMG 4-door Coupe".

Во категоријата Светски еколошки автомобил 2019 учествуваат: "Audi e-tron", "Honda Clarity PHEV", "Hyundai Nexo", "Jaguar I-Pace" и "KIA Niro EV".

На крајот, жирито ќе одлучува и за најдобро дизајнираниот светски автомобил 2019, а кандидати за ова признание се: "Citroen CS Aircross", "Jaguar E-Pace", "Jaguar I-Pace", "Suzuki Jimny" и "Volvo XC40".




Спонзорирани линкови

Маркетинг