Alfa Romeo Giulietta SZ „пропаднала во земја“ 35 години, па сега е продадена за астрономска сума!

Точка

06/02/2019

17:42

2.461

Големина на фонт

а а а

Фасцинантно откритие се случи во Италија, поточно во Торино, откако сопственичката на овој прекрасен автомобил починала.

После смртта на сопственичката, во гаражата бил пронајден култниот Alfa Romeo Giulietta SZ – автомобил кој 35 години бил „во длабок сон“, затоа што поранешните сопственици не можеле да го извадат надвор поради дефект на лифтот на гаражата.

Автомобилот има специфилна нијанса на сина боја која што производителот ја нарекол Blu Chiaro Metallizato, а на аукцијата бил продаден во рекордно време, откако бил понуден астрономски износ од 567 илјади евра!


Конкретниот модел е произведен во 1962-ра година, а каросеријата е изработена од алуминиум, поради што овој автомобил нуди фантастични перформанси. Alfa Romeo Giulietta SZ (Sprint Zagato) учествувал на многу трки, вклучувајќи ја и трката во Ле Ман.


Под хаубата овој автомобил има четирицилиндарски агрегат со зафатнина од 1,3 литри, испорачува 100 коњски сили што е доволно да развие брзина до 200 километри на час, со оглед на тоа што автомобилот има маса од само 785 килограми.


Произведени биле само 217 примероци, а со оглед на одличната состојба на овој автомобил, може да се каже дека и воопшто не зачудува понудената сума од повеќе од половина милион евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг