Природната состојка глукоманан како една од најмоќните во борбата против вишокот килограми

Точка

04/02/2019

13:15

9.620

Големина на фонт

а а а

Желбата за слатко кај многумина е често присутна, особено кога се исхрнувате по некоја програма со цел да ги намалите вишокот килограми. Претходно зборувавме за тоа како да јадете чоколадо, а сепак да ги намалите килограмите.

Денес наша тема е уште еден сладок продукт, кој доаѓа со повеќе предности и поголема корист кога станува збор за слабеење. NuMe slim boost карамели со глукоманан и вкус на јагода и придобивките од нивна консумација.

Како делуваат NuMe карамелите со глукоманан?

NuMe карамелите со вкус на јагода содржат природно диетски влакна кои се наоѓаат во билката глукоманан. Глукоманан е состојка која се добива од Јапонското растение „Amorphalus Konjac“, која со векови се користи во традиционалната јапонска медицина. Глукомананот е уште познат како „метла на цревата“, па оттука можете да добиете идеја за неговата функција во нашиот организам.

Карамелите придонесуваат кон слабеењето на два начина: го продолжуваат чувството на ситост бидејќи ги апсорбираат макронутритиентите кои ги внесуваме преку храната и ја апсорбираат водата и до 100 пати повеќе од волуменот на самата карамела. Со нивна консумација, на здрав начин ќе си овозможите подолго време да се чувствувате најадени, вишокот вода нема да останува во вашето тело и така чувството на подуеност ќе исчезне и секако, нема да имате потреба да јадете почесто или количински повеќе од препорачаното.


Карамелите се вклопени во асортиманот на NuMe заедно со високопротеинските шејкови, супи и и барови со цел да ви помогнат да изгубите и до 9 килограми месечно (помалку од 800 калории дневно). За само 17 калории по карамела, истата многу ефикасно ја намалува желбата за благо и општо за консумација на повеќе храна од она што се препорачува. Истите се одобрени и од стана на EFSA (European Food Safety Authority) како додаток во исхраната и како регулатор на холестеролот и намалувањето на тежината. Не содржат ГМО и се без шеќер, а се погодни и за вегани.  

За кого се наменети?

Овие карамели може да се користат како додаток во секој вид на исхрана, но секако е особено корисна доколку се исхранувате по програма со цел да се ослободите од вишокот килограми. Поризводот може да содржи траги од јајца, лешник, кикирики, бадеми, мелко и глутен и како таков, не се препорачува на луѓе кои се алергични на било која од овие состојки. 

Како да се користат?

Доколку вашата цел е слабеење, препорачливо е да консумирате по една карамела три пати дневно (30 минути пред оброкот). Откако ќе ја изедете карамелата, напијте се чаша вода (250 мл.) за да го поттикнете дејството на карамелата во вашиот желудник. 

За регулација на холестерот препорачливо е да јадете по една карамела четири пати дневно (30 минути пред оброкот). Исто така, по консумацијата на карамелата, напијте се чаша вода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг