Помпео назначи специјален пратеник за Венецуела

Макфакс

26/01/2019

13:04

818

Големина на фонт

а а а

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го назначи поранешниот дипломат Елиот Ејбрамс за специјален пратеник за „повторно воспоставување на демократијата” во Венецуела. Ејбрамс пред новинарите изјави дека кризата во Венецуела е длабока, комплексна и опасна.

САД и повеќе од десетина латиноамерикански држави, Канада и Обединетото Кралство, го поддржаа Хуан Гуидо, кој го предводи Националниот конгрес на Венецуела, откако самиот се прогласи за легитимен претседател. Во исто време, оспорениот претседател Николас Мадуро не се откажува од власта и вели дека е демократски избран претседател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг