Променливо облачно со слаб снег

Макфакс

26/01/2019

12:09

681

Големина на фонт

а а а

Во текот на ноќта на места, особено во јужните делови, имаше обилни врнежи кои во поголем дел од земјава беа од снег.

Врнежи од снег со слаб до умерен интензитет утрово има во крајните јужни, источни и северозападни делови. На повисоките места и долж Повардарието дуваше умерен до засилен северен ветер.

Времето денека ќе биде променливо облачно, во источните и јужните делови со повремени врнежи од снег со слаб интензитет, особено претпладне. Само во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег и повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2 степена.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со услови за слаб снег претпладне. Ќе дува умерен, повремено и засилен северозападен ветер. Максимална температура до -1 степен.

Утре во текот на денот ќе биде претежно сончево, но со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува облачно време со услови за магла по одделни котлини, како и со повремени врнежи кои во пониските места ќе бидат претежно од дожд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг