Франција ја поздравува храброста на Заев и Ципрас за ратификација на преспанскиот договор

Макфакс

26/01/2019

11:42

797

Големина на фонт

а а а

Францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан Ив Ле Дриан го поздрави изгласувањето во Парламентот на Република Грција на законот за ратификација на Договорот од Преспа.

„Овој суштински политички чекор ќе овозможи наскоро стапување во сила на историскиот договор што ќе стави крај на билатералниот спор стар повеќе од четвртина век. Сакам да ја поздравам храброста и решеноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.

Договорот од Преспа ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина. Дополнително, со поддршка на Франција, Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија” во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена на самитот на НАТО минатиот јули и ќе придонесе за приближување на земјата кон Европа”, соопшти француската амбасада во земјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг