Обилни снежни врнежи во целата земја, кои ќе продолжат и утре

Макфакс

25/01/2019

21:08

2.900

Големина на фонт

а а а

Во поголемиот дел од земјава вечерва има врнежи со обилен интензитет. Врнежите во поголем дел од земјава се од снег, а само во крајните источни делови од дожд, каде што се и најинтензивни и имаат пороен карактер. Во Пелагонија и во Охридско-преспанскиот Регион, каде што до попладнево имаше врнежи од дожд, во вечерните часови има интензивни врнежи од снег. Дува умерен, по должината на Повардарјето засилен северозападен ветер

Најмногу снег падна на Попова Шапка и Маврово.

Како што информираат од УХМР, во ноќните часови врнежите ќе го намалуваат интензитетот. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утре, врнежи од снег, со слаб до умерен интензитет, ќе има во источните и јужните делови, а во крајните југоисточни ќе бидат од дожд и снег.

Врнежите од снег ќе продолжат и во Скопската Котлина, а во ноќните часови ќе се намалува интензитетот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг