Грција го ратификуваше Преспанскиот договор, а еве што има да каже Твитер заедницата на таа тема: "А долговите на граѓаните ќе останат во ФИРОМ?"

Точка

25/01/2019

19:19

5.150

Големина на фонт

а а а

Денес, по речиси 35 часовна дебата во грчкото собрание, беше одржано гласање за ратификација на Преспанскиот договор.

Грците го изгласаа договорот со 152 гласови "за", со што на Македонија и се отворија вратите кон членство во НАТО Алијансата. 

По гласањето, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека е родена Северна Република Македонија, во која Грција добила уште еден пријател.

Зоран Заев веднаш му честиташе на својот грчки колега, порачувајќи му дека "заедно со народите испишале историска победа". "Да живее Преспанскиот договор", додал Зоран Заев во честитката преку Фејсбук.

Реакции доаѓаат и од странски службеници, меѓу кои и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој порача дека одвај чека да ја види "Северна Република Македонија" во НАТО.

Ваква важна тема не може да мине и без реакции од социјалните мрежи, посебно Твитер заедницата, а најинтересните твитови можете да ги видите во продолжение.




Спонзорирани линкови

Маркетинг