Хан: Договорот од Преспа треба да биде инспирација за целиот регион

Макфакс

25/01/2019

15:45

509

Големина на фонт

а а а

Договорот од Преспа за решавање на спорот за името помеѓу Грција и наскоро Северна Македонија претставува историски чекор напред за двете земји, регионот и Европа како целина, напиша еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“, откако грчкиот парламент го ратифицира договорот од Преспа.

„Ја поздравувам храброста и визијата на двете страни, на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Овој успех не можеше да се случи без цврстата европска перспектива за земјата која наскоро ќе биде Северна Македонија. Јас лично сум многу среќен бидејќи долгото патување до Преспа почна со договорот од Пржино од 2015 година, во кој посредував, и кој наскоро ќе дозволи Северна Македонија да ја надмине длабоката политичка криза. Оттогаш земјата почна длабоки реформи и ги решава проблемите со соседите. Ова треба да биде инспирација за целиот регион!“, напиша Хан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг