Германската влада соопшти денес дека Венецуела треба да одржи слободни и фер претседателски избори, во спротивно опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ќе биде прогласен за привремен претседател на државата.
„Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро не може да биде легитимен претседател затоа што изборите кои што го вратија на власт не беа фер“, изјави портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт.
Гуаидо, инаку претседател на Националниот парламент на Венецуела, во средата се прогласи за привремен претседател, по што веднаш беше поддржан од американскиот претседател Доналд Трамп, но и од речиси сите влади на јужноамериканските држави.
Мадуро, кој што моментално има само поддршка од Русија и Турција, како и од армијата на Венецуела, не покажува подготвеност да отстапи од претседателското место и да организира избори, затоа што смета дека бил демократски избран.
Тој ги обвинува Соедиентите Американски држави дека организираат пуч против него, поради што тој ги прекина дипломатските односи со Вашингтон, а исто така нареди и затворање на американската амбасада и конзулатите во оваа земја која што е најголем трговски партнер на Венецуела.