(Видео) Грција го изгласа Преспанскиот договор

Точка

25/01/2019

14:33

5.496

Големина на фонт

а а а

Грчкиот парламент го ратификуваше договорот од Преспа. Од вкупно 300 пратеници, 153 гласаа „за“, 146 гласаа „против“ и еден „воздржано“.

Расправата која течеше во парламентот беше тензична и неизвесна. Премиерот на Грција Алексис Ципрас во последното обраќање порача дека Преспанскиот договор носи стабилност за целиот Блакан и дека со него интересите на Грција не се загрозени. Тој на пратениците им порача дека неговата ратификација претставува историски чекор.

Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, го поздрави гласањето кое го нарече историски чекор.

Седницата во грчкиот парламент траеше повеќе од 38 часа.

За договорот од Преспа гласаше целата пратеничка група односно 145-те пратеници од СИРИЗА, на грчкиот премиер Ципрас, седум независни пратеници и еден пратеник од партијата Независни Грци.

Со ова се решава 27 години долгиот спор меѓу Македонија и Грција, а договорот предвидува името на нашата држава да се промени во Република Северна Македонија.

Исто така, со ратификацијата се отвора вратата за членство на нашата држава во НАТО.




Спонзорирани линкови

Маркетинг