Венецуелскиот лидер на опозицијата, Хуан Гуаидо, изјави дека ќе ја разгледа можноста за амнестија за претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговите соработници, ако ѝ помогне на Венецуела да ја врати демократијата.
Хуан Гуаидо е претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција контролирана од опозицијата. Тој пред еден ден себ си се прогласи за преоден претседател на државата пред десетици илјади приврзаници во Каракас.
35-годишниот Гуаидо неодамна повика и на протести со образложение дека во земјата треба да се формира преодна влада.
Венецуелскиот претседател, Никола Мадуро, пак, вчерва ѝ се обрати на нацијата.
Тој во своето обраќање нагласи дека одлучил да ги затвори амбасадите и конзулатите во САД, бидејќи Трамп го призна Гуаидо за претседател на земајта, и додаде дека се согласува со ставот на Мексико и Уругвај дека е потребен дијалог.
„Јас никогаш нема да се откажам од обврските кон мојата татковина, никогаш нема да го направам тоа”, рече претседателот на Венецуела, Мадуро. Тој себеси се прогласи за уставен претседател и го нарече шефот на опозицијата – марионета на САД.
Во Каракас веќе неколку дена се одржуваат масовни протести против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.