Мадуро го возврати ударот: Венецуела ја затвора амбасадата и конзулатите на САД

Точка

25/01/2019

10:05

2.276

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги заостри мерките против Соединетите Американски Држави и одлучи да ја затвори американската амбасада и конзулатите во земјата.

Мадуро синоќа порача дека амбасадата и конзулатите на Соединетите Американски Држави во Венецуела ќе бидат затворени, а тоа доаѓа само еден ден подоцна откако претседателот на оваа јужноамериканска држава ги прекина дипломатските односи со Вашингтон.

Односите помеѓу двете земји драстично се влошија откако Вашингтон вчера и официјално го призна лидерот на тамошната опозиција за нов лидер на Венецуела.


Николас Мадуро истакна дека се согласува со повикот на Мексико и Уругвај да се отвори дијалог помеѓу владата и опозицијата во Венецуела, со цел да се најде решение за политичката криза која што ја тресе оваа земја.

Во меѓувреме, канадските власти соопштија дека ќе бидат домаќини на состанокот на регионалниот блок на Лима групата каде што ќе се разгледуваат кои чекори ќе бидат превземени во врска со ситуацијата во Венецуела. Неименувани извори откриваат дека состанокот ќе биде одржан во февруари или март во Торонто.


Најголемиот дел на земјите членки на овој блок, во чиј што состав има 14 земји, соопштија дека го поддржуваат самопрогласениот опозиционер Хуан Гуаидо за нов лидер на Венецуела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг