Ратификацијата на договорот од Преспа во грчкиот парламент ќе се одржи утре

Макфакс

24/01/2019

19:12

1.525

Големина на фонт

а а а

Кабинетот на претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис соопшти дека гласањето за ратификацијата на договорот од Преспа ќе се одржи утре, објави „Катимерини“.

Според информациите, одлагањето на гласањето, кое требаше да се одржи доцна вечерва, е поради долгата листа на пријавени пратеници за збор. 

Ратификацијата на договорот од Преспа во грчкиот парламент, според последната најава, би требало да се одржи утре во 14.30 часот по локално време. 

Во Атина денеска се одржуваат нови протести. Речиси 1.500 полицајци беа распоредени во Атина во пресрет на попладневниот протест против ратификацијата на договорот од Преспа со Македонија во грчкиот парламент, а демонстрантите веќе почнаа да се собираат на Акропол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг