Убавата снаа на Трамп ги разбеснила Американците кои не земаат плата: Блокадата е поважна од вас! Не грижете се, мојот свекор ќе го среди тоа брзо

Точка

24/01/2019

14:57

1.983

Големина на фонт

а а а

Снаата на американскиот претседател, Лара Трамп, има разбирање за 800.000 вработени во јавниот сектор кои не примаат поради плата поради блокадата на владата, но им порачува дека настанала ситуација која е поважна од било кој поединец.

"Тоа не е праведно кон вас и сите тоа го сфаќаме, но многу е поважно од било кој поединец", рекла сопругата на синот на Трамп, Ерик. 

"Тоа е кратко патење за иднината на нашата држава, а нивните деца, внуци и генерации кои доаѓаат ќе им се заблагодарат на жртвата", рекла Лара Трамп.

Лара Трамп е 36-годишна поранешна продуцентка на информативното списание Inside Edition, а за синот на американскиот претседател, кој сега го води огромното бизнис царство на својот татко, се омажила во 2017-та година.

"Знам дека е тешко", рекла таа за жртвите на работниците кои без плата го чекаат договорот на републиканците и демократите за ѕидот вреден 5,7 милијарди долари.

"Знам дека луѓето имаат семејства, сметки кои треба да ги платат, хипотеки и кирии", истакнала таа и додала дека нејзиниот свекор брзо ќе пронајде решение.

"Знам дека претседателот прави се што може за да го реши тоа брзо", заклучила таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг