Атина под полициска опсада: 1,500 полицајци се подготвуваат за новите протести поради договорот со Македонија

Точка

24/01/2019

17:11

1.774

Големина на фонт

а а а

Околу 1,500 полицајци се распоредени денес во грчкиот главен град во пресрет на почетокот на протестите против ратификацијата на Преспанскиот договор со Македонија во грчкиот парламент.

Демонстрантите веќе започнаа да се собираат на Акропол во пресрет на гласањето во парламентот, а од Комунистичката партија на Грција утринава на ѕидините на древниот Акропол поставија два големи транспаренти против Преспанскиот договор помеѓу Македонија и Грција.

На протестите во центарот на грчката престолнина граѓаните ги повика организацијата „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, како и Комунистичката партија на Грција.


Се очекува во грчкиот парламент вечерва да се гласа за ратификација на Договорот од Преспа со кој нашата држава ќе добие ново име – Република Северна Македонија, со што и официјално ќе биде ставен крај на 27 годишниот спор помеѓу Скопје и Атина.

После вчерашната пленарна дебата во грчкиот парламент, денес продолжува дебатата за ратификацијата на договорот која што би требала да заврши со чин на гласање на грчките пратеници вечерва или најдоцна утре наутро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг