Министерството за одбрана на Русија објави снимка од рускиот ловец „Су-27“ како го пресретнува шпионскиот авион на шведската воена авијација „Голфстрим“.
Блиската средба на двата авиони се случила над неутралните води на Балтичкото море, недалеку од границата на Русија. Со оглед на тоа што шпионскиот авион на шведската армија се приближувал кон руските граници, Русите наредиле полетување на авионот „Су-27“ за да ја „среди“ ситуацијата.
На снимката може да се види како авионот полетува од воздушната база, се приближува до шведскиот авион и го следи на безбедно растојание, се додека шведскиот авион не се оддалечил од руските граници.
Како што пренесуваат руските медиуми, шведскиот авион „Голфстрим“ летал без вклучен транспондер, што значи дека шведските пилоти не можеле да бидат во никаква комуникација со рускиот авион.