Познат банкар брутално ја убил убавата Кристина, а мотивот ги шокирал сите: Тој ден ѝ било роденден и не го пушташе телефонот од раце, а јас плаќав

Точка

24/01/2019

13:59

3.591

Големина на фонт

а а а

Кристина, која преку ден била работничка во ИТ индустријата во Лондон, а навечер водела таен живот како "елитна проститутка", банкарот ја претепал до смрт и тоа така што ја удрил кујнски толчник, а по бруталните удари ја задавил, оставајќи ја во локва крв. Како причина го наведува тоа што не му пружила доволно внимание, бидејќи одговарала на роденденските честитки, што него го разлутило.

29-годишната Кристина Еботс неколку пати била удрена со кујнски толчник во "немилосрден и брутален" напад во стан. 

Како што се наведува, 47-годишниот Захид Насим бил разлутен од тоа што убиената премногу го држела телефонот во раце во текот на средбата.

Со оглед на тоа дека тој ден и било роденден, на Кристина и пристигнувале пораки на кои одговарала, а тој сметал дека ја плаќал и повеќе од доволно, и дека тоа било "знак на непочитување кон него".

Се претпоставува дека и по нејзината смрт, Насим останал во станот и праќал порнографски фотографии и снимки на друга сексуална работничка која ја познавал, а која се претставувала како Лили Роуз.

Кристина таа вечер требало да се најде со пријателите во Лондон, за да го прослави својот 29-ти роденден.

Кога не се појавила, тие многу се загрижиле и се обиделе да стапат во контакт со неа преку повици и пораки.

Кога полицијата провалила во станот на 26-ти мај, 47-годишниот Насим се преправал дека е во несвест, соопштил државниот обвинител Кристореф Техерани.

Полицијата во станот пронашла дрога, кокаин и дрога за силување амил нитрат, како и шише бренди.

Насим пред судијата изјавил дека не е виновен.

Тој признал дека веќе десет години ги користи услугите на проститутките и дека често консумира кокаин, кој во комбинација со алкохол често му остава дупки во меморијата.

Тој рекол дека се капеле со Еботс, но дека не отишле до крај.

Раскажал дека не се сеќава на расправијата и претепувањето на Еботс, само тоа дека се разбудил на каучот и открил дека е мртва. Судењето е во тек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг