Познатиот холивудски глумец беше принуден да се спогоди за кривичниот прекршок поради кој му се заканува и затвор.
Имено, Американскиот глумец Алек Болдвин денес прифати да присуствува на предавањето за контролирање на бес, за да се ослободи од случајот за кривичен прекршок кој настана поради расправија околу паркинг место.
Болдвин беше обвинет за насилство, откако на 2 ноември минатата година пред својата куќа во Њујорк за време на расправијата удри во лицето на другиот возач.
АП пренесува дека Болдвин се изјасни како виновен, но дека неговиот случај ќе биде затворен откако успешно заврши еднодневното предавање за сузбивање на бесот.
Обвинителството го понуди тој компромис откако ги прегледа снимките од надзорните камери, извештајот на лекарот и спроведе разговор со жртвата и сведоците, рекол еден од официјалните претставници на обвинителството и додаде дека 60 годишниот Болдвин нема криминално досие.