Пејачката Сијара моментално е во брак со квотербекот Расел Вилсон, а зад себе ја има и врската со раперот Фјучр со кој доби син.
Поранешниот партнер на познатата пејачка неодамна изјави за медиумите дека Сијара го контролира својот сегашен сопруг:
"Тој прави сè што ќе му нареди таа. Расел треба да ја сопре во нејзината намера да зборува негативни работи за мене. Во таа ситуација не се покажа како маж".
"Да бев на негово место би ѝ рекол дека не сакам да ми го споменува поранешниот партнер. Таа тоа добро го знае. Никогаш не разговаравме за нејзините поранешни врски", рекол раперот.
Фјучр додаде дека нема ништо против Расел и дека е среќен поради нив.
Раперот и Сијара се вериле во 2013 година, а во мај 2014 година го добиле синот Фјучр, а во август истата година парот раскина.
На почетокот на 2015 година Сијара ја започна врската со квотербекот Расел Вислон за кој се омажи во 2016 година. Една година подоцна ја добија ќерката Сиена.