Кинеско чудо: Во него се вложени нереални 14 милијарди долари, зазема 700.000 квадрати и ќе биде најголем на светот

Точка

24/01/2019

13:16

3.236

Големина на фонт

а а а

Меѓународниот аеродром "Даскинг" во Пекинг е масивно здание кое се крева во предградието на кинеската престолнина.

Во петокот била завршена новата фасада на аеродромот. 

Во изградбата на "Даскинг" ќе бидат употребени повеќе од 220.000 тони челик.

Цената за изградба се ближи до бројката од 14 милијарди долари.

Се очекува зградата на терминалот да биде готова на 30-ти јуни, додека "Даскинг" ќе биде отворен на 30-ти септември оваа година.

Новото здание ќе биде најголем поединечен терминал во светот.

"Даскинг" воедно ќе биде вториот меѓународен аеродром во Пекинг.

Кинеските власти се надеваат дека изградбата не новиот аеродром ќе го намали притисокот на постоечките патнички опции.

Надлежните истакнуваат дека "Даскинг" до 2025-та година ќе биде способен да услужи 72 милиони патници годишно.

Аеродромот има шест писти, 268 простори за паркинг, а површината на терминалот зазема 700.000 квадратни метри.

Се очекува во иднина да биде изградена и седма писта, за аеродромот да биде оспособен за 620.000 летови и 100 милиони патници годишно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг