Наоми на пистата ги покажала своите голи гради и стомачни мускули: На 48 години и натаму ја руши конкуренцијата

Точка

24/01/2019

12:55

4.338

Големина на фонт

а а а

Најавила дека оди во пензијата, но изгледа нема ништо од тоа. Наоми вчера се појавила на пистата и за момент ја срушила конкуренцијата.

Една од најпознатите манекенки, 48-годишната Наоми Кембел, се прошетала на пистата на Модната недела во Париз во црна тоалета на Валентино, сосема проѕирна во горниот дел, па публиката ги видела нејзините голи гради и совршени стомачни мускули. 

Наоми доминирала на модната писта, со коса која ја собрала во ниско репче и целосно ги открила градите за да го намали ефектот на изненадување.

Минатата недела Наоми во јавноста се појавила со нова фризура која предизвикала бурни реакции. Во беж тонови од глава до пети, со шатирана кратка коса и очила во пилотски облик, Наоми оставила најсилен впечаток.

Славната манекенка минатата година зборувала за тоа дека веќе некое време се бори со опаѓање на косата, што, како што тврди, е последица на долгогодишна употреба на екстензии, плетенки и агресивни средства. Понекогаш и се појавуваат и сосема ќелави подрачја на главата.

"Сега повеќе се грижам за својата коса бидејќи изгубив голем дел од неа со екстензии", изјавила таа, признавајќи дека не се срами да носи перики.




Спонзорирани линкови

Маркетинг