СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор на Камчев и Мијалков

Макфакс

24/01/2019

13:01

2.030

Големина на фонт

а а а

За сите осомничени во истрагата ,,Империја”, СЈО бара да им биде продолжен куќниот притвор, бидејќи се’ уште постојат причините за оваа мерка, потврдија од ова Обвинителство за ,,Макфакс”.

Истрагата и натаму продолжува, а од СЈО велат дека станува збор за една од најобемните и најсложените постапки, во која е вклучена е меѓународна соработка.

Неофицијално дознаваме дека адвокатите на Камчев го повлекле барањето со кое беше понудена гаранција во вредност од над 14 милиони евра, бидејќи СЈО побара поблага мерка за обезбедување.

Скопска Апелација на 27 декември лани ги пушти во куќен притвор сите осомничени за ,,Империја”, освен Сашо Мијалков, за кого одлуката за куќен притвор ја донесе судијката на претходна постапка, Весна Димишкова.Притвор во траење од 30 дена добија Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски. Тие се дел од 12 осомничени во истрагата со кодно име ,,Империја”.

Мирчевски е директор на контроверзната оф-шор компанија „Ексико“. Панделески е директор на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и сопственик на „Пелистерка“, а Јосифовиќ е соработник на Камчев. Зорица Арсовска е сметководителка во неговите фирми.

СЈО ги осомничи за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг