Автобус полн со војници удри во камион, па се заби во куќа

Макфакс

24/01/2019

12:38

2.026

Големина на фонт

а а а

Автобус полн со војници се удри со камион, по што се заби во куќа во Ѓаково, Хрватска. Несреќата се случила изутринава околу 7 часот, кога во Павиќевата улица се судриле автобусот кој превезувал хрватски војници и камионот кој посипувал сол на улиците, по обилните врнежи на снег.

Автобусот по судирот со камионот излетал од патот, се излизгал на снегот и завршил во куќа што се наоѓа спроти улицата.

Автобусот удрил во оградата на куќата, но налетал и на два автомобила кои биле паркирани пред неа. Нема повредени војници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг