Петмина вработени во италијански хотел групно силувале 50-годишна Британка

Макфакс

24/01/2019

12:26

1.572

Големина на фонт

а а а

Во италијанското летувалиште Мета ди Соренто петмина вработени во хотелот „Алимури“, на возраст од 18 до 21 година, се уапсени и обвинети за брутално групно силување на 50-годишна британска туристка, кое се случило во 2016 година, пренесе „Дејли мејл“.

Британката и нејзината 26-годишна ќерка отпатувале во Италија по неодамнешната смрт на нејзиниот сопруг. Ќерката, која не е именувана поради правни прични, пред судот рекла дека верува дека и во нејзиниот пијалок било подметната дрога.

„Таа ноќ вечеравме во хотелскиот рсторан и поделивме шише вино. Персоналот во ресторанот беше пристоен. Еден од келнерите ни понуди пијалок во некои чаши. Се сеќавам дека го испив пијалокот и веднаш почувствував мачнина“ рекла ќерката.

Таа додала дека отишла до тоалет за да поврати, каде се задржала некое време. Кога се вратила, нејзината мајка не била таму.

Обвинителите велат дека жртвата била однесена во нејзината соба во близина на базенот каде неколку пати била силувана.

Обвинетите Антонио Миниеро, Џенаро Давид Гарџуло, Рафаел Реџо, Франческо Д’Антонио и Фабио Де Вирџилио негираат дека ја силувале, тврдејаќи дека сексот бил обостран и договорен.

Жртвата била во шок, поради што на полицијата ѝ раскажала што се случило дури откако се вратила дома во Кент. Примероци на ДНА и тестови за дрога се испратени до италијанските истражители.

Откриени се високи нивоа на седативен бензодиазепан, но адвокатите на обвинетите тврдат дека жртвата била на средства за смирување по смртта на нејзиниот сопруг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг