Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дождови кои ќе бидат обилни и поројни и локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
„На повеќе места ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка, на планините над 50 сантиметри, а на пониските места од 10 до 20 сантиметри“, велат од УХМР.
Инаку, времето денеска е променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има нови врнежи претежно од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.